СПОДЕЛИ

Американската актерка и модел Хари Неф стана првата трансродова жена која кажа „бидејќи го заслужувам тоа“ во рекламна кампања на L’Oréal Paris.

Емитувана во неделата за време на телевизискиот пренос на Златните глобуси, новата рекламна кампања на L’Oréal Paris ја слави убавината на разноликоста.

Во минута долгиот спот може да се видат модели од различни раси и облици.

Неф твитна: „Јас сум во кампања на L’Oréal и за мене тоа е нестварно.“

Подолгите спотови, пак, беа објавени на YouTube и Twitter. L’Oréal Paris потврди дека Неф е првиот трансродов модел кој е гласноговорник за нивна кампања.