Дома Спорт

Британскиот „крал на планините“ на Тур д Франс, Роберт Милар соопшти дека е трансродово лице

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Британскиот велосипедист Роберт Милар објави дека го комплетирал процесот на промена на полот и дека сега се вика Филипа Јорк. Милар е најпознат по освоената награда „крал на планините“ на Тур д Франс во 1984 година.

Тој е првиот врвен велосипедист кој има обелоденето дека го променил полот. Во своето соопштение, Јорк наведува дека одлучила да го направи тоа бидејќи во јавноста сега постои повисок степен на прифаќање и разбирање. Откри и дека процесот на промена на полот го започнала уште во 2000 година.

Роберт Милар (Фото: AFP/Getty Images)

Филипа Јорк, порано позната како Роберт Милар во 1984 година стана вториот Британец кој има остварено етапна победа на Тур д Франс и неговото четврто место на тоа издание на трката беше во тоа време рекорд за британските велосипедисти. Милар, исто така, беше второпласиран на Вуелта а Еспања во 1985 и 1986 година, како и на Џиро д’Италија во 1987 година. На Тур д Франс триумфираше на вкупно три планински етапи, сите беа возени на Пиринеите.