Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров изјави дека го одобрува убивањето на геј и бисексуалните мажи од страна на нивните семејства.

Во неодамнешното интервју за HBO, кое беше емитувано на 18 јули, Кадиров рече: „Доколку имавме геј луѓе тука, ви кажувам официјално дека нивните роднини немаше да им дозволат да постојат поради нашата вера, нашиот менталитет, обичаите и традицијата“. „Дури и покрај тоа што е казниво според законот, ние сепак би преминале преку тоа“, додава Кадиров.

Белата куќа конечно го осуди третманот на геј луѓето во Чеченија.

Портпаролката на Стејт Депертментот на САД, Хедер Науерт изјави дека Стејт Департментот смета дека коментарите на Кадиров се „многу загрижувачки и вознемирувачки“. Таа исто така тврди дека администрацијата го покренала ова прашање со руските власти „на највисоко ниво“, пренесува Associated Press.