Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да им дозволи на трансродовите луѓе да служат во војската во кое било својство.

„По консултации со моите генерали и воени експерти, ве молам бидете информирани дека Владата на САД нема да прифати или да дозволи трансродови поединци да служат во кое било својство во американската војска“, твитна Трамп. Својата одлука ја образложи со тоа дека „војската не може да биде оптеретена со медицински трошоци и какви било потешкотии кое би го предизвикало присуството на трансродовите луѓе во војската“.

Многу јавни личности, политичари и организации за човекови права ја осудија одлуката на Трамп за бојкот на трансродовите луѓе во војска, нарекувајќи ја – меѓу останатото – неоснована, дискриминирачка, срамна, погрешна и штетна.

Администрацијата на Доналд Трамп уште од почетокот ги уназадува правата на трансродовите луѓе во САД. Последниот пример, што датира од оваа седмица, е усвојувањето на контроверзен закон во Тексас со кој луѓето се приморуваат да користат јавни тоалети според полот што им бил доделен при раѓање.