Дома Спорт

Фудбалерите на САД по повод Месецот на гордоста на мечовите во јуни ќе носат виножитни дресови

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: U.S. Soccer/Twitter
Skopje Pride Weekend 2017

Месецот на гордоста, фудбалерите од женските и машките национални тимови на Соединетите Американски Држави ќе го одбележат така што ќе носат виножитни броеви на нивните дресови за време на натпреварите во јуни.

Потегот е дел од иницијативата на Фудбалската федерација на САД и „You Can Play“, НВО која се бори против хомофобијата и трансфобијата во спортот.

Skopje Pride Weekend 2017

Машкиот тим ќе носи вакви дресови на натпреварот против Венецуела, а женскиот тим на натпреварите против Шведска и Норвешка.

Џил Елис, тренер на женскиот фудбалски тим за USA Today изјави: „Без разлика колку (навредите кон геј луѓето и хомофобијата) се тема на разговор во соблекувалните на одредени тимови, мислам дека тоа е место каде можеме да ги урнеме бариерите и да изградиме инклузивна средина и еднаквост“.

По мечовите, дресовите ќе бидат продадени на аукција за хуманитарни цели.

Equality. 🇺🇸 x 🏳️‍🌈. #PrideMonth | #OneNationOneTeam

A post shared by U.S. Soccer (@ussoccer) on

The calm before the storm. 🇺🇸#OneNationOneTeam | #PrideMonth

A post shared by U.S. Soccer (@ussoccer) on