Фудбалската ѕвезда Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, кој исто така игра и за францускиот национален тим, изјави дека би го поддржал секој фудбалер што сака да ја обелодени својата хомосексуалност, но признава дека многумина се плашат да живеат отворено поради „лошите луѓе“ кои го гледаат спортот.

„Играчите не ја откриваат сексуалната ориентација бидејќи се плашат“, рече тој во интервју за фудбалот со El Pais. „Мораме да изгледаме цврсто и силно, но се плашиме што луѓето ќе речат за нас. Секако, јас немам ништо против никого, ги почитувам сите“, додава тој. Но кога беше прашан, дали тој би ја открил јавно својата сексуалност доколку беше геј, одговори: „Мислам оти би го сторил тоа“.

View this post on Instagram

A post shared by Antoine Griezmann (@antogriezmann) on

„Но секако, полесно е да се тврди кога не мораш да поминеш низ тоа“, вели тој.

„Има многу лоши луѓе во фудбалот и играчите може да стравуваат дека ќе бидат малтретирани кога ќе излезат на стадионите“, додава Гризман.

View this post on Instagram

New #EvoApparel @puma 🔥

A post shared by Antoine Griezmann (@antogriezmann) on