Дома Вести Свет

Германскиот претседател го потпиша законот за брачна еднаквост, ќе стапи на сила во октомври

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер вчера го потпиша законот со кој се легализира истополовиот брак во Германија. Законот е објавен во Службениот весник, но ќе стапи на сила „првиот ден од третиот месец по прогласувањето“, што значи веројатно на почетокот на октомври, а со цел да им се даде доволно време на локалните власти да се подготват за измената.

Во јуни законот беше усвоен во Бундестагот, а во јули потврден од Бундесратот.

Со воведувањето брачна еднаквост, покрај тоа што ќе можат да стапуваат во брак, истополовите двојки ќе бидат во можност и да посвојуваат деца.

Неодамна, истото го направи и Малта, мала островска земја во Медитеранот.