Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Mузичарката Гевин Расом (43) од американскиот рок бенд „LCD Soundsystem“ обелодени дека е трансродово лице. Расом, која свири на синтисајзер во њујоршкиот бенд, ќе продолжи да го користи нејзиното „старо“ име.

Таа изјави дека отсекогаш знаела оти е трансродово лице и се обидела да го обелодени тоа повеќе пати во нејзиниот живот. Иако не ѝ се допаѓа терминот „каминг-аут“, кој се користи кога едно лице го обелоденува својот сексуален или родов идентитет јавно или пред избрани поединци, по извесно време поминато посветувајќи се на себе, таа сфатила дека е подготвена да го стори тоа.

Гевин Расом

Расом отсекогаш се облекувала занемарувајќи ги родовите норми и од рана возраст се идентификувала како жена. Нетипичниот машки изглед придонел да стане жртва на често малтретирање, па дури и напади во неколку случаи.