Дома Забавна индустрија

Годинава пристигнува филмувана приказна за љубовта која се раѓа меѓу двајца фармери

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: God's Own Country (2017)/IMDb

По филмот „Планината Броукбек“, годинава во кината ќе пристигне уште една приказна за љубовта меѓу двајца мажи, овој пат на една фарма во Британија.

Како што можете да видите во трејлерот подолу, филмот го следи Џони – лут, осамен маж предаден на алкохолот и сексот – кој живее на фарма во северна Англија со неговите татко и баба. Неговиот живот се менува кога Ѓорѓе, романски имигрант, ќе биде најмен да работи на фармата сезонски.

Како што поминуваат време заедно, меѓу нив се развива страстна врска.

„God’s Own Country“ досега има добиено позитивни рецензии од филмските критичари. Засега нема најава кога ќе пристигне во македонските кина.