Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Иако ова можеби нема никого да изненади, една студија открива дека мажите кои покажуваат антигеј ставови многу веројатно се прикриени геј мажи.

Неодамна откриената студија, која е објавена во 2012 година во американскиот Журнал за личноста и социјалната психологија, посочува на повисоки инстанци на хомофобија кај оние кои се идентификуваат како стрејт, но покажуваат привлечност кон членовите од истиот пол, пренесува сајтот Indy100.

Студијата ги истражувала разликите, како машките студенти ја идентификувале нивната сексуална ориентација наспроти она како одговориле на зададените кратки задачи. Тестовите ги откриле имплицитните атракции на испитаниците.

Резултатите покажале дека мажите кои биле наклонети да демонстрираат непријателство кон геј луѓето, веројатно се „имлицитно хомосексуалци“.

Фото: Getty Images

„Поединците кои се идентификуваат како стрејт, но на психолошките тестови покажуваат силна привлечност кон истиот пол, може да се чувствуваат загрозени од геј мажите и лезбијките бидејќи хомосексуалците ги потсетуваат на сличните атракции кои постојат во самите нив“, вели Нета Вајнстајн, авторката на студијата. Ричард Рајан, кој исто така работел на студијата, во неговиот осврт наведува: „Овие луѓе кај кои постојат такви контрадикции, кај кои навистина постои поделеност меѓу нивната несвесна атракција и она што тие свесно го велат за самите себеси, има веројатност дека потекнуваат од авторитарни домови. Ако сте родител кој навистина верува дека вашето дете треба да биде стрејт, и кога ги користите сите достапни средства за да го убедите дека само доколку е такво ќе биде достојно и вредно, таквото претеранa контролa може да креира разни конфликти кај детото“.

Друга неодамнешна студија изнајде дека стрејт мажите кажуваат хомофобични и сексистички шеги за да ја маскираат сопствената несигурност.