Дома Занимливости

Инстаграм се приклучи на Месецот на гордоста на ЛГБТ заедницата со виножитни ѕидови и стикери

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Mike Windle/Vespa Pictures
Skopje Pride Weekend 2017

Инстаграм го одбележа стартот на „Месецот на гордоста“ (јуни) со нова колоритна иницијатива која има за цел да ја охрабри поддршката за квир луѓето ширум светот. Во средата, апликацијата ја трансформираше целосно розовата, често фотографирана фасада на продавницата Пол Смит во Лос Анџелес во првиот од нивните пет „виножитни ѕидови“. Ѕидот беше откриен од градоначалникот Ерик Гарсети, на церемонија на која присуствуваа влијателни Инстаграм корисници, заедно со други членови на ЛГБТ+ заедницата од градот.

Skopje Pride Weekend 2017

Ѕидовите, кои подоцна во јуни ќе имаат деби и во Лондон, Мадрид, Нешвил и Кливленд, ќе бидат украсени со хаштагот #KindComments, така што посетителите ќе можат да ја искористат апликацијата за споделување слики за да пронајдат „заедница за поддршка“, вели Марн Левин од Инстаграм.

#kindcomments thank you Instagram and the city of LA for having me 🙏🏼🙏🏼 this was so cool #Pride #LGBT

A post shared by Justin Blake (@justinblake) on

Мисијата на компанијата, вели Левин, е „да ги зацврснува врските преку споделување на искуства“, а иницијативата „виножитен ѕид“ е една од многуте слични обиди кои целат да го направат токму тоа. „Секој ден гледаме членови на нашата заедница кои се приклучуваат на Инстаграм за да ги споделат нивните пасии и искуства“, вели таа за Huffington Post. „Навистина сме горди на целата наша заедница, но особено сме возбудени поради начинот на кој луѓето го користат Инстаграм за да споделуваат добрина и сочувство еден за друг“.

Левин вели дека била трогната кога видела како Инстаграм корисниците наоѓаат уникатни начини да ги споделат преку апликацијата приказните за обелоденувањето на нивната сексуалност и други лични искуства.

„Видовме како сликите предизвикуваат емпатија, ги прават луѓето поблиски и промовираат разбирање“, вели таа. „За Прајдот, се надеваме дека виножитните ѕидови ќе станат физички структури кои ќе инспирираат пријателски коментари и поддршка, но исто така еднакво ќе креираат можност за луѓето да се здружат заедно на Инстаграм за да ја поддржат ЛГБТ+ заедницата“.

Фото: Hey Rooney/Instagram

Инстаграм за Месецот на гордоста исто така објави сет стикери за да ви ги разубави секојдневните приказни кои ги споделувате преку апликацијата.