Дома Занимливости

Истополов пар машки мршојадци станаа родители на пиле од напуштено јајце кое го лежеле

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: ARTIS ZOO

Двајца машки белоглави мршојадци во зоолошка градина во Амстердам, кои се во долгогодишна врска, успешно изведоа едно напуштено јајце. ЗОО „Артис“ во соопштение во средата известија дека чуварите кои го пронашле јајцето на подот во кафезот за мршојадци, првично го ставиле во инкубатор, но подоцна го преместиле во гнездо кое двете машки птици кои изградиле заедно.

Зоолошката градина вели дека мршојадците, кои се двојка со години, на смени седеле на јајцето додека не се извело. Сега, новите татковци се грижат за пилето самите хранејќи го. Од ЗОО „Артис“ додаваат дека не е невообичаено за животните, особено за птиците, да формираат истополови двојки, но ова е прв пат таков пар да изведе јајце во зоолошка градина во Амстердам.