Дома Живот

Истополова двојка направи идентична фотка како онаа пред 24 години и ги стопи срцата на луѓето

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Николас Кардело и Курт Инглиш во 1993 и 2017 година (Фото: Николас Кардело)

Двајца геј мажи кои се заедно повеќе од две децении ја создадоа повторно фотката направена при нивната прва посета на ЛГБТ+ парада на гордоста.

Николас Кардело и Курт Инглиш првичната фотографија ја направиле на Маршот во Вашингтон во 1993 година, кој беше одржан со цел зголемување на видливоста и залагање за унапредување на правата на ЛГБТ+ заедницата. Втората фотка – скоро идентична на првата – ја направиле на Маршот во Вашингтон кој се одржа месецов, повторно со акцент на ЛГБТ+ правата.

Парот ги објави двете фотографии една покрај друга во твит, придружени со досетлив текст – „тоа е само фаза“ – фраза која ја често ја слушаат геј луѓето.

Нивната слатка објава веднаш ги стопи срцата на интернет корисниците.

Николас Кардело и Курт Инглиш како млади (Фото: Николас Кардело)

Истополовата двојка се запознала во 1992 година, а останатото е историја.

„Луѓето нѐ прашуваат како сме издржале 25 години? Тоа е добро прашање, особено затоа што структурата на нашето општество е така дизајнирана за да нѐ раздвои“, вели парот во изјава за HuffPost. „Одлучивме да промовираме позитивна промена во општеството така што ја обелоденивме сексуалноста пред нашите семејствата, на работа, на социјалните медиуми, и на соседите. Исто така одлучивме да се вклучиме во организации кои вршат позитивно влијание во политиката. Треба работа, но на крајот љубовта ќе победи!“

Курт Инглиш и Николас Кардело денес (Фото: Николас Кардело)

Тие немале поим дека нивната приказна ќе наиде на толкав одзив кај другите.

„Навистина нѐ допреа личните приказни на луѓето и коментарите од ширум светот за предизвиците со кои тие се соочуваат во нивните животи и во нивните култури. Многупати бевме трогнати до солзи читајќи ги коментарите“.

Тие исто така сметаат дека фотографиите се особено важни бидејќи ретко гледаме примери на истополови двојки кои стареат заедно во забавната индустрија и во медиумите. „Младите треба да видат дека е возможно да се најде животен партнер и дека врската може да трае“, додава парот.