Дома Живот

Италија го доби првиот трансродов гондолиер, со своја компанија за тури со гондола низ Венеција

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Alex Hai Gondola tours/Facebook

Италија го доби првиот трансродов гондолиер. Станува збор за Алекс Хаи, порано познат како Александра Хаи, феминистка која се бореше да стане она што во тоа време се сметаше за првата жена гондолиер во земјата.

На Фејсбук, првиот трансродов гондолиер во Италија откри: „Јас не сум жена. Погрешно е да ме ословувате во женски род или да ме викате Александра“.

За едно американско радио тој изјави дека неодамна направил операција за промена на полот во Сан Франциско. Тој има своја компанија за тури со гондола во Венеција. Занаетот го усовршил додека сѐ уште бил во женско тело. Сепак, тој не е жена, а феминистичката борба не е негова лична борба.

Фото: Alex Hai Gondola tours/Facebook

„Едноставно сакам да го работам она што е моја пасија, а луѓето околу мене да ме гледаат исто како што јас се гледам себеси“, вели тој. Хаи се сочил со многу потешкотии при обидот да стане гондолиер. Пред да го започне процесот на транзиција од жена кон маж, градските власти во Венеција го извеле пред суд, обидувајќи се да го спречат да работи како гондолиер. Пред да се декларира како транс лице, тој бил предмет на дискриминација од страна на здружението на гондолиери во кое доминираат мажите. Три пати паднал на тестот за гондола, и бил казнет од полицијата за нелегално управување со гондола.

Во 2007 година, Хаи го добил судскиот случај каде тој бил тужениот и му било дозволено правото да работи независно од здружението на гондолиери.

Фото: Alex Hai Gondola tours/Facebook

„Поддржувам еднакви права за жените и, како некој што ја има усовршено веслачката вештина додека бев во тело на жена, сметам дека докажав оти „да, дури и девојка може да го работи тоа“, вели Алекс Хаи во фејсбук објавата.

Хаи бил отфрлен од родители уште како дете. На 15 години побегнал од неговиот дом во Хамбург, Германија. Отсекогаш се чувствувал како маж заробен во женско тело, па како дете ги уништил Барби кукли и се молел за пенис.