Дома Вести Свет

Јавниот превоз во Лондон ќе стане поинклузивен, се воведува родово-неутрален јазик во услугите

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Transport for London/Twitter

Разгласите на јавниот превоз во Лондон ќе добијат родово-неутрални пораки.

Вработените добиле инструкции да ја заменат фразата „дами и господа“ со „сите“ кога им посакуваат добро утро на патниците. Значи, наместо „добро утро дами и господа“, отсега ќе се поздравуваат со „добро утро на сите“.

Допрва ќе бидат снимени новите верзии на известувањата за патниците кои ги користат надземните и подземните услуги на Транспорт за Лондон.

Фото: Mayor of London/Twitter

Еден од заслужните за оваа промена е градоначалникот Садик Кан, кој минатиот месец изјави дека Лондон е динамичен, рановиден и мултикултурен град, а Транспорт за Лондон (орган на локалната власт одговорен за повеќето видови транспорт на подрачјето на Лондон) исклучително води сметка да обезбеди инклузивни транспортни услуги за своите патници. Тој рече оти се свесни дека можеби некои луѓе не се пронаоѓаат или не се чувствуваат пријатно со сегашните известувања на станиците, но дека тоа ќе се адресира така што ќе се зборува на понеутрален начин кога се осврнува на родот.

Марк Еверс од Транспорт за Лондон изјави дека сакаат сите да се чувствуваат добредојдени на нивната транспортна мрежа. „Го прегледавме јазикот што го користиме во известувањата и на други места, и ќе се погрижиме тој да биде целосно инклузивен, одразувајќи ја разноликоста на Лондон“, додава тој.

Потегот на Транспорт за Лондон беше поздравен од многу ЛГБТ+ организации.