Дома Секс и здравје

Како може кокошката да биде одговорна за нарушувањето на вашиот сексуален живот?

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Ова е сигурно првото прашање кое ви паѓа на ум гледајќи ја сликава, а притоа немате кокошка за домашен миленик. Но наскоро ќе го дознаете одговорот.

Американската организација „Луѓето за етички третман на животните“ (PETA) лансираше нова кампања со слоган „месото го нарушува вашиот сексуален живот“, која летово ќе се најде на огромни билборди ширум САД. Меѓу новите постери има и таков со истополова двојка која лежи во кревет со кокошка.

ПЕТА тврди дека јадењето огромни количини месо и млечна храна придонесува за затнување на артериите, што пак може да доведе до еректилна дисфункција.

Од организацијата велат дека „се покажало оти нискомаслените вегански оброци помагаат во борбата против физичките причини зад повеќето случаи на импотенција, вклучително и високиот холестерол, дебелината, дијабетесот, карциномот или воспалението на простатата, и хормоналните дисбаланси.

„Секое лице кое ќе постане веган спасува повеќе од 100 животни годишно од секојдневно патење и ужасна смрт во денешните индустрии за месо, јајца и млечни производи“, додаваат Луѓето за етички третман на животните.

Новите билборди ќе бидат поставени во Тексас, Северна Каролина и Џорџија, најголемите производители на телешко месо, свинско месо и живина во САД.