Дома Вести Свет

Канадскиот парламент изгласа законски измени за да ги заштити правата на трансродовите луѓе

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Канадскиот премиер Џастин Трудо на ЛГБТ+ парадата на гордоста во Торонто, 2016 година (Фото: Associated Press)

Канадскиот сенат усвои закон за заштита на правата на трансродовите луѓе на национално ниво, откако претходно помина во долниот дом на парламентот.

Сега останува да го одобри кралицата. Но тоа е формалност, која би требала да се случи многу брзо, веројатно пред Парадата на гордоста во Торонто.

Со законот се изменува канадскиот Закон за човекови права, додавајќи го родовиот идентитет и родовата експресија во листата на забранети основи за дискриминација. Исто така се изменува и Кривичниот законик, за да се прошири заштитата против говорот на омраза врз основа на родовиот идентитет или експресија во јавниот домен, и за да се утврди јасно дека доказите оти делото било мотивирано од пристрасност, предрасуди или омраза базирани на родовиот идентитет или експресија, претставуваат отежнителна околност која судот мора да ја земе предвид кога ја изрекува казната.