Дома Забавна индустрија

Колтон Хејнс со прилично разголена фотографија го најави претстојниот филм „Моминска вечер“

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Колтон Хејнс (Фото: Roy Rochlin via Getty Images)

Колтон Хејнс им имаше ветено на фановите дека веројатно ќе го видат скоро сосема разголен во неговата улога во претстојната комедија „Моминска вечер“ (Rough Night), а судејќи според фотографијата што ја сподели на Инстаграм, дефинитивно ќе го испорача ветеното. Американскиот актер можете да го видите во нешто што наликува на танга, оставајќи малку на имагинацијата.

Супер, каде можеме да резервираме билети за филмот? Македонската публика ќе може да го погледнете „Моминска вечер“ од 22 јуни во киното Cineplexx.

Пет најдобри пријателки од колеџ – Скарлет Јохансон, Кејт Мекинон, Џилијан Бел, Илана Глејзер и Зои Кравиц – се собираат повторно по 10 години за луда моминска забава на еден викенд во Мајами. Журката ќе отиде во погрешна насока кога случајно ќе го убијат стриптизерот. Покрај лудиот обид да го прикријат убиството, тие се зближуваат меѓусебно кога најмногу е потребно.

Колтон во трејлерот за филмот се појавува на вратата облечен како полицаец.

Во неодамнешно интервју, Хејнс проговори за почетоците во Холивуд кога бил принуден да прикрива оти е геј, како и за губењето на невиноста на 13 години.