Дома Спорт

Кошаркарката Су Берд обелодени дека е лезбијка и оти е во врска со фудбалерката Меган Рапино

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Сју Берд (Фото: Valerie Macon/AFP/Getty Images)

Американската кошаркарска ѕвезда Су Берд во интервју за ESPN обелодени дека е лезбијка и дека е во врска со фудбалската ѕвезда Меган Рапино.

„Геј сум. Меган ми е девојка… Ова не е тајна за луѓето што ме знаат“, вели таа.

„Луѓето претпоставуваат дека ако не зборуваш за тоа, тогаш сигурно го криеш, како да е тајна. Тоа никогаш не беше случај со мене“, додава Берд.

Во однос на тајмингот на одлуката, вели дека сметала оти е вистинско време.

„Разбирам дека има луѓе кои мислат дека сум требала да го сторам ова порано, тогаш не бев подготвена, морам да бидам искрена. Сепак, ова е мое патување“, вели ѕвездата од Националната кошаркарска асоцијација на жени (WNBA).

Loungin in style w/ @nikesportswear #TECHPACK #socomfy 💯

A post shared by Sue Bird (@sbird10) on

Иако Рапино е гласен поборник за ЛГБТ+ правата, Берд за себе вели дека „никогаш не го почувствувала тој повик, доколку тоа е правиот збор“.

„Си го живеев мојот живот, но не ја предводев промената. Сепак, никогаш не сум сметала дека тоа ме прави помалку автентична“, вели Берд.

Додава оти Рапино не е причината поради која ја обелодени сексуалноста.

„Ова нема врска со Меган, во однос на тоа колку слободно се чувствувам да зборувам за тоа. Бев на работ да го сторам тоа одамна“, додава таа.