Дома Вести Свет

Кремљ се огласи за информацијата дека во една јануарска ноќ биле убиени 27 мажи во Чеченија

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Владимир Путин

Кремљ вели дека тврдењето на рускиот весник Новаја Газета, дека чеченските власти извршиле масовна егзекуција во текот на една јануарска ноќ на 27 мажи кои биле осомничени дека се хомосексуалци, е неосновано. Се смета дека бројот на убиени ноќта меѓу 25 и 26 јануари се движи дури до 56 луѓе.

Дмитри Песков, гласноговорникот на рускиот претседател Владимир Путин, адресирајќи го објавениот напис во Новаја Газета изјави: „Нотирано е. Исто така го нотиравме негирањето на оваа информација од страна на чеченските тела за спроведување на законот. Информацијата е од анонимен карактер. Нејасно е кој е изворот на информацијата. Така што, ова е сѐ што можам да кажам засега“.

Руската ЛГБТ мрежа потврди дека дел од убиените мажи биле хомосексуалци и бисексуалци, но за некои се верува дека биле хетеросексуалци.

„Според нашите сознанија, информацијата на Новаја Газета дека биле убиени 27 луѓе е вистинита“, изјави претставник на организацијата. „Во однос на сексуалната ориентација на убиените, не сите на листата се хомосексуалци“.