Дома Забавна индустрија

Лаверн Кокс ги укори луѓето кои трансродовите жени не ги гледаат како вистински жени

Лаверн Кокс (Фото: Getty Images)

Американската актерка Лаверн Кокс, која патем е трансродово лице, се осврна на луѓето кои на трансродовите жени не гледаат како на вистински жени.

Ѕвездата од серијата „Портокаловата е новата црна“ (Orange is the New Black) го подигна нивото на застапеност на трансродовите жени со црна боја на кожата на ТВ екраните, појавувајќи се и во правната драма „Сомнеж“ (Doubt).

Таа стана и важен застапник и активист за правата на трансродовите луѓе, кога на доделувањето на Греми наградите во февруари, користејќи ја платформата го сврте вниманието на светската јавност на случајот на Гевин Грим.

Во неодамнешно интервју во пресрет на објавувањето на петтата сезона на серијата „Портокаловата е новата црна“ кое ќе се случи овој петок на Нетфликс, Кокс изјави: „Родот е навистина, навистина комплициран и сите го доживуваат на различен начин, на родот се следа различно во различни култури. Но кога велиме дека трансродовите жени не се вистински жени, тоа е еден вид на дискриминација кон нас. Тоа е начинот што луѓето го користат за да ни оневозможат пристап, да ни го оспорат правото на здравствена заштита и работни места, и тоа е причината што луѓето вршат насилство врз нас“.

Кокс ја искористи приликата за да го искритикува претседателот Трамп и неговата администрација за уназадувањето на правата на трансродовите лица во САД, посочувајќи ги трансфобичните закони за користење јавни тоалети во Тексас и Северна Каролина, како и поништувањето на указот на Обама за задолжително еднаков третман на трансродовите деца во образованието.