Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Skopje Pride Weekend 2017

Ѕвездата од „Портокаловата е новата црна“, Лаверн Кокс храбро откри дека во минатото била во врска со емотивно насилен алкохоличар. Трансродовата активистка се отвори за нејзиниот љубов живот во интервју за Grazia.

„Најмногу се каам што четири години се забавував со еден емотивно насилен алкохоличар“, признава таа. „Поради тоа што сум црнкиња и трансродова жена, верував оти тој е единствениот маж кој воопшто ќе ме сака. Врската за малку не ме уби“, додава Кокс. Таа исто така вели дека е горда што нејзината приказна ги инспирала другите да живеат автентично и да ја направат трансформацијата.

Skopje Pride Weekend 2017

Лаверн го толкува ликот на Софија во популарната серија „Портокаловата е новата црна“, чија најнова, петта сезона веќе е достапна за стриминг.