Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Хетеросексуалните жени имаат најнезадоволувачки секс од сите други.

Истражувачи од Универзитетот Чепман, Универзитетот Индијана и Инситутот Кинси дојдоа до сознание дека хетеросексуалните жени се на дното на листата кога станува збор за „свршување“. Во истражувањето биле анкетирани 52.588 возрасни лица со различни сексуални ориентации. 65% од хетеросексуалните жени изјавиле дека доживеале оргазам секој пат кога имале секс.

За разлика од нив, 95% од хетеросексуалните мажи рекле дека доживеале оргазам при секој сексуален однос. Геј мажите биле во можност да доживеат оргазам во 89% од односите, додека бисексуалните мажи во 88%.

86% од лезбијките рекле дека доживеале оргазам при секој сексуален однос, а 66% од жените кои се идентификуваат како бисексуални го посочиле истото.

Студијата исто така открила дека поголема е веројатноста за оргазам меѓу жените кои добивале орално задоволување и оние кои се позадоволни од нивните врски, но исто така се препорачува да ја прашате другата страна што најмногу сака во кревет, носење секси долна облека, подолго водење љубов, пробување нови позиции во сексот, анална стимулација, спроведување во реалност на фантазиите, внесување „секси разговор“ и изразување љубов за време на сексот. Исто така, не заборавајте да го пофалите вашиот партнер или партнерка за она што го прават во кревет, а помагаат и телефонските повици и електронските пораки во кои „ќе навестите правење нешто сексуално“.

Според авторите на студијата, „жените имаат поголеми шанси за оргазам ако нивното последно сексуално искуство вклучувало длабоко бакнување, взаемна генитална стимулација и/или орален секс покрај вагиналниот секс“.

Студијата посочува дека можна причина зошто лезбијките имаат подобри резултати во доживувањето оргазам отколку хетеросексуалните жени, е тоа што лезбијките имаат подобро разбирање на женската анатомија и клиторичната стимулација. Се додава дека геј жените се подобри во менувањето на улогите од стрејт мажите, што значи дека шансите за оргазам се поголеми.