Дома Живот

Луи Си Кеј објави документарец за првата улична банда на ЛГБТ Афроамериканци во Вашингтон

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Луи Си Кеј дистрибуира документарец за група млади ЛГБТ Афроамериканци кои формирале улична банда за да се заштитат од хомофобични напади.

Документарниот филм насловен „Check It“ (2016) беше прикажан на повеќе филмски фестивали во светот, а сега можете да го купите за 5 долари.

„Филмот ептен ме импресионираше, толку е добар“, вели Луи. „Станува збор за група деца кои меѓусебно се штитат во овој навистина опасен свет. Тие се забавни и интересни, а нивните приказни се трогателни“, додава Луи.

Фокусот на филмот е ставен на една банда во Вашингтон наречена „Check It“, а се верува дека ова е една од првите документирани ЛГБТ банди во Америка.

Некои од момците носат кармин и маскара, некои стилето чевли. И иако ќе ги видите со Луј Витон чанти, во нив тие носат ножеви, боксирачи и солзавец“.

Со оглед на ранливоста на младите геј и трансродови лица, тие често биваат застрелани, прободени и силувани. Документарецот исто така се осврнува на тоа како бандата се справува со сите предизвици со кои се соочуваат.