Дома Вести Македонија

Магазинот Queer.mk заврши со работата за оваа сезона, се читаме повторно во блиска иднина

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Antonio Guillem/iStock

Ве информираме дека заврши проектот „Промовирање и подигнување на свеста за ЛГБТ+ правата преку професионално, одговорно и етичко новинарство“.

Искрено им се заблагодаруваме на Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје за овозможената поддршка на Queer.mk во изминатава година.

Queer.mk се етаблираше во интернет просторот како прв сериозен медиум во земјава со примарен фокус на ЛГБТ+ темите. Покрај следењето на новините од меѓународната сцена, медиумски покривавме настани и обработувавме прашања кои ги тангираат припадниците на ЛГБТ+ заедницата во РМ.

Со текот на времето стекнавме бројка од преку 50 илјади посети месечно.

Се надеваме дека наскоро повторно ќе добиеме финансиска поддршка која ќе ни овозможи да ја продолжиме успешната приказна, да растеме и да се развиваме, како во поглед на посетеноста и квалитетот на содржините, така и во поглед на човечките ресурси со кои располага нашата редакција.

Како главен и одговорен уредник, би сакал пред сѐ да му се заблагодарам на мојот тим соработници кои беа дел од ова патување: проектната менаџерка Гордана Трпчевска, новинарките Биљана Божиновска и Катерина Гетева, снимателот Борис Каески и волонтерите Иван Ивановиќ и Аница Недељковиќ.

Понатаму, на сите луѓе, институции и организации со кои имаме остварено соработка во третирањето на одредени теми, за нивниот придонес.

И на крај, но не помалку важно, им се заблагодарувам на нашите читатели кои исто така дадоа свој придонес во јавната дискусија на социјалните мрежи.

Засега се збогуваме со вас, со надеж дека нашето дружење ќе продолжи во блиска иднина, штом се создадат услови за тоа. Во меѓувреме можете да ја консултирате нашата архива од преку 3,300 наслови која останува достапна.

Петар Стојковиќ, главен и одговорен уредник на Queer.mk