Дома Медиумски партнери

Медиумски партнери

Зошто да станете наш медиумски партнер? Mејнстрим медиумите често не успеваат да презентираат објективна и балансирана слика за темите поврзани со ЛГБТИ луѓето и нивните права и да го вклучат гласот на ЛГБТИ луѓето и групите во известувањето на весниците, телевизиите и радијата. Затоа од огромна важност за ЛГБТИ заедницата е да има доверлив извор на вести.

QUEER.MK e интернет магазин што работи на подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТИ луѓето во Република Македонија и во светот и што им дава глас на безгласните вклучувајќи ги ЛГБТИ луѓето, застапниците и активистите во медиумското покривање. Медиумот има за фокус да ја информира јавноста за новостите и настаните на локално и интернационално ниво во врска со ЛГБТИ движењето, културата и животот.

Во останатите медиуми гледаме партнери со кои заеднички ќе работиме на подигнување на јавната свест за човековите права на ЛГБТИ луѓето, придонесувајќи во сензибилизација на општеството, создавање услови за достоинствен живот на овие граѓани и унапредување на нивните права.

Медиумското партнерство меѓу QUEER.MK и вас е едноставно за реализација. Од една страна воопшто нема да ви одземе време и ресурси, а од друга страна ќе ја збогати понудата на содржини за посетителите на вашата веб-страница.

RSS Widget

Имено, од вас само се очекува на вашата веб-страница да го поставите RSS виџетот (со димензии 300px х 250px) што врши стриминг на најновите наслови на квир магазинот со едноставно имплементирање на кодот:

<iframe width="300" height="250" style="border:none;padding:0px;margin:0px;" src="http://widget.queer.mk" scrolling="no"></iframe>

Во знак на благодарност, QUEER.MK ќе го постави вашето лого со линк до вашата веб-страница во делот на медиумски партнери (постојано присутен во подножјето на нашата веб-страница). Постои можност за договор и на други форми на соработка односно медиумско партнерство. Контактирајте нѐ.