Дома Забавна индустрија

„MTV“ реши да ги направи родово-неутрални категориите за 2017 MTV Video Music Awards

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Kevin Winter/MTV1415/Getty Images

Откако воведе родово-неутрални категории за телевизиските и филмските награди, „MTV“ ги отфрли сите родово-дефинирани награди за претстојното доделување на наградите за музичко видео (MTV Video Music Awards).

Категориите за најдобро видео од женски и машки изведувачи ќе бидат споени во една родово-неутрална категорија насловена Артист на годината.

Аријана Гранде и Ед Ширан ќе се натпреваруваат против Кендрик Ламар, Д Викнд, Лорд и Бруно Марс. Церемонијата ќе се одржи на 27 август.