Дома Вести Прајд

На Парадата на гордоста во Берлин, Германците ја славеа легализацијата на истополовиот брак

Еден од учесниците на годишната ЛГБТ+ парада на гордоста во Берлин, 22 јули 2017 (Фото: Fabrizio Bensch/Reuters)

Илјадници луѓе продефилираа низ улиците на германската престолнина во саботата, славејќи и промовирајќи ги ЛГБТ+ правата. Секоја година во Берлин се одбележува Денот на улицата Кристофер, во сеќавање на немирите кои избија во Њујорк во 1969 година кога полицијата изведе рација во геј барот Стоунвол Ин, пресвртница што го означи почетокот на ЛГБТ+ движењето.

Оттогаш, овој настан се одржува во знак на протест против дискриминацијата и исклучувањето на ЛГБТ+ заедницата. Илјадниците луѓе кои се собираат секоја година ги слават различностите и бараат еднакви права за ЛГБТ+ луѓето.

Годинава, учесниците на ЛГБТ+ парадата на гордоста исто така ја прославија неодамнешната легализација на истополовиот брак во СР Германија.