Дома Секс и здравје

Научно откритие: ХИВ комплетно елиминиран кај глувци користејќи техника на уредување на гените

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: iStock
Skopje Pride Weekend 2017

Во понеделникот беше соопштено револуционерното откритие на Универзитетот Темпл кое дава нова надеж за пронаоѓање лек за ХИВ. Во студијата, изработена во соработка со Универзитетот од Питсбург, истражувачите откриле дека можат да ја елиминираат ДНК заразена со ХИВ кај глувците, со помош на нова техника за уредување на гените.

Една од главните пречки со која се соочиле научниците во оваа потрага е тоа што вирусот има способност да задржи мали резервоари во одредени клетки. Антиретровирусните лекови даваат успех во спречување на ширењето на ХИВ, но за жал, тие не можат да го ослободат телото од оние неколку резервоари. Ако се прекине терапијата, вирусот има способност да „се разбуди“ и повторно да почне да се шири. Токму поради тоа, новото откритие е толку ветувачко. Неговото фенси научно име е CRISPR/Cas9, но на него може да се гледа како на молекуларни ножици. Се комбинираат две генетски компоненти за да работат заедно во вид на тим што бара и уништува ХИВ. Едната компонента (наречена „водечка РНК“) врши пребарување во клетките со резервоари, а другата компонента (ензим) го уништува вирусот во сржта, вадејќи го од ќелиите.

Skopje Pride Weekend 2017

Најнадежниот дел од истражувањето е што оваа техника се покажала како успешна во елиминирање на заразената со ХИВ ДНК кај глувците кои штотуку го добиле вирусот, како и кај глувците кои биле во поодмината фаза на вирусот.

Камел Калил, еден од лидерите на студијата, вели дека следно е тестови врз примати, каде вирусот се однесува многу слично како кај луѓето.

Оваа способност да се „уредуваат гените“ потенцијално може да биде медицинска револуција, не само за пронаоѓање лек за ХИВ, туку и за некои видови на канцер. Со новата технологија за уредување на гените (позната само шест години), потребни се многу повеќе истражувања. Универзитетот од Пансилванија минатата година доби дозвола од американската федерална влада да спроведе истражување во областа на борбата со одредени видови на рак, но сѐ уште се чека одобрение од Управата за храна и лекови.