Дома Забавна индустрија

Нетфликс објави дека серијата „Sense8“ нема да добие трета сезона, фановите не се откажуваат

Sense8 (Фото: Netflix)

Нетфликс соопшти дека „Sense8“ – серијата која беше пофалена од фановите за нејзиниот диверзитет и ЛГБТ инклузивност – нема нема да биде обновена.

„По 23 епизоди, 16 градови и 13 земји, приказната за Sense8 кластерот се завршува“, велат од Нетфликс, најавувајќи го крајот на научно-фантастичната драма на сестрите Вачовски, во соопштението кое го издадоа во четвртокот.

Sense8 (Фото: Netflix)

„Серијата е сѐ она што ние и фановите сонувавме дека ќе биде: храбра, емотивна, фасцинантна, импресивна и потполно незаборавна. Никогаш не постоела толку вистински глобална серија, со еднакво разнолика и интернационална актерска и филмска екипа, што се огледува во поврзаната заедница на длабоко страствени фанови насекаде ширум светот. Им се заблагодаруваме на Лана, Лили, Џо и Грант за нивната визија, како и на актерите и екипажот за нивната уметност и посветеност“.

Потоа, серијата им се заблагодари на поддржувачите со видео на Твитер.

Фановите се скршени и тажни поради ненадејното откажување на серијата.

Хаштаговите како #RenewSense8 и #BringBackSense8 го преплавија Твитер.

Исто така беше лансирана петиција со која се повикува стриминг сервисот Нетфликс да ја преиспита својата одлука и да ја обнови „Sense8“ за уште една, трета по ред, сезона. Исто така се бараат одговори од компанијата.

„Откажувањето на „Sense8“ се случи тотално неочекувано. Сѐ уште не ни се познати причините, но сепак, навистина е чудно што серија која има добиено толку позитивен одговор од широка и хетерогена публика, бива откажана“, се вели во петицијата, која досега ја потпишаа преку 200 илјади луѓе.

„Како фанови на серијата, би сакале да добиеме рационално објаснување, зошто „Sense 8“ беше откажана. Веруваме дека се неопходни ТВ серии и филмови кои, со нивната содржина, испраќаат на светот порака за љубов, разноликост и почитување. Сите овие вредности беа оживеани преку ликовите на серијата, а пораката која ја има е исклучително важна за општеството.

Разбираме дека можеби имате свои причини, но веруваме дека како визуелен продукт, „Sense 8“ ги има сите овие вредности кои ги препознаваме во неа, и совршено успеа да ги пренесе на гледачите. Тоа не е само телевизиска серија која ја гледате за забава. Наместо да биде само тоа, „Sense 8“ му даде на светот нов начин на гледање на другите: со прифаќање, љубов и разбирање.“

Доколку и вие се согласувате со погоре кажаното, потпишете ја петицијата.