Дома Вести Свет

Обединетото Кралство ќе ја намали забраната за крводарување за МСМ на само три месеци

Фото: Leigh Righton/Getty Images

Обединетото Кралство ја намали забраната за крводарување во времетраење од една година за мажите кои имаат секс со мажи на само три месеци.

Овие насоки беа предложени од Советодавниот комитет за безбедност на крв, ткива и органи, а „се базираат на најновите научни докази кои ќе им овозможат на повеќе луѓе да донираат крв без да се компромитира безбедноста на крвта“.

Објавата доаѓа по направените усовршени тестови при детектирање на ХИВ, хепатит Б, хепатит Ц или сифилис. Измените ќе стапат на сила 2018 година.

Британската министерка за женски прашања и еднакви можности, Џастин Грининг изјави: „Оваа влада е посветена на градење инклузивно општество за сите, без разлика на нивниот род или сексуала ориентација и денес го правиме следниот чекор напред. Ќе продолжиме да го надградуваме значајниот напредок што беше остварен во изминатите педесет години, преку адресирање на историските предрасуди што сѐ уште постојат во нашите закони и преку давање збор на ЛГБТ луѓето за прашањата што директно ги тангираат“.

Во 2011 година, парламентот на Обединетото Кралство ја отстрани доживотната забрана за крводарување за мажите кои имаат секс со мажи и ја намали на една година. Во 2016, Северна Ирска го стори истото што и Обединетото Кралство.