Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Огнен Јанески, уредник и водител во телевизија 24 Вести, е првиот добитник на наградата „Поддржувач на годината“ за неговиот континуиран значаен придонес во кампањата за еднакви права на ЛГБТИ лицата во Република Македонија. Наградата му беше врачена на настанот во Скопје кој го организираше НВО Субверзивен Фронт по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата.

A photo posted by Ognen J. (@ognen_od_janevci) on

За да го одблежежат овој ден, Амбасадите на Кралството Холандија и на САД во земјава го развејаа на јарболите знамето на ЛГБТ заедницата во боите на виножитото заедно со нивните национални знамиња.

Иницијативата за Меѓународен ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата дојде од Луј-Жорж Тин, денес раководител на француската секција на Меѓународната асоцијација на ЛГБТ лица.

За таа цел е избран 17 мај, денот кога во 1990 година Светската здравствена организација ја избриша хомосексуалноста од меѓународната класификација на болести (МКБ). Меѓународниот ден почна да се одбележува од 2004 година. Денес 130 земји го одбележуваат денот за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, а тој е официјално признат и од повеќе меѓународни институции, како Европскиот парламент.