Дома Секс и здравје

Откако открија како вирусот се шири низ мозокот научниците развиваат назален спреј против ХИВ

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: KTSDESIGN/SCIENCE PHOTO LIBRARY/GETTY IMAGES

Откако откриле на кој начин се шири ХИВ-от во мозокот, научниците сега развиваат спреј за нос кој ќе помогне во лечењето на вирусот.

Тим канадски истражувачи од Универзитетот во Алберта моментално работат на создавање на нова антиретровирусна терапија која побрзо би допрела до мозокот. Налик спреј за нос, кој се користи во случај на настинка, терапијата би можела да биде најбрз начин со кој би се сузбила ХИВ инфекцијата во мозокот.

Научниците, дури по смртта на пациентот, можеа да осознаат на кој начин вирусот се шири во мозокот, но благодарение на податоците добиени од истражувањата кај починатите пациенти и нивна споредба со познатиот биолошки процес на вирусот имаат комплетно нов увид во состојбата.

„Природата на ХИВ му помага да патува низ деловите на мозокот во кои има крв дури и после две недели по инфекцијата. Моменталната терапија за лечење на ХИВ не може да стигне во ќелиите толку лесно. Колку повеќе сфаќаме како ХИВ патува низ мозокот, толку повеќе сме во можност да развиеме нови стратегии во лекувањето. Наша цел е да утврдиме каде се наоѓаат и другите резервоари на вирусот. Со класичната терапија, инфицираните ќелии се наоѓаат во латентна состојба. Идејата е да ја откриеме нивната големина и да развиеме стратегии за лекување“, вели Вестон Рода, една од авторките на студијата.

Инаку, напредокот на научниците од Калифорнија е веќе видлив во САД каде 30% од заразените со ХИВ успеале вирусот да го доведат до минимално ниво во крвта, така што анализите повеќе да не го детектираат. И тоа благодарение на терапијата кој ги опфаќа Т-ќелиите (подгрупа на лимфоцитите) и го сузбива вирусот. Ниту една студија не покажала дека луѓето кои имаат многу ниско ниво на вирусот ХИВ во крвта успеале да го пренесат на нивниот партнер.