Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Skopje Pride Weekend 2017

Елен Деџенерис за гости во емисија ги имаше геј татковците Роб и Рис Шир од Дарнстаун, Мериленд, а двајцата неверојатни мажи за малку ќе ја расплачеа. Ако не сте доволно цврсти, земете си за секој случај шамивче навреме.

Двајцата татковци посвоиле четири деца со посебни потреби. Сите тие биле извлечени од насилни опкружувања или ситуации каде биле запоставени, и биле сместени во дом за деца без родители. Сега, со нивните нови татковци, тие се дел од едно големо семејство полно со љубов и разбирање.

Skopje Pride Weekend 2017

„Кога пристигнаа децата, знаевме дека доаѓаат со багаж, од домови каде генерално им недостасувала љубов. Имавме ќерка која криеше храна во нејзината соба бидејќи се плашеше дека ќе остане гладна, син кој не можеше ниту да оди ниту да зборува, и уште едно дете кое не знаеше што е прегратка“, објаснуваат тие во емисијата на Елен. „Не знаев дали сум подготвен за тоа, но некако успеавме. Затоа е тука семејството, само мора да дадете сѐ од себе. Нив не им е грижа што сме белци и што сме геј, нив им е важно да ги сакаме“.

Но, двојката не запрела тука. Роб ѝ кажа на Елен дека и самиот доаѓа од згрижувачко семејство, и оти сите работи кои му припаѓале морал да ги спакува во вреќа за ѓубре. Кога заедно со неговиот сопруг ги земале децата кои подоцна ги посвоиле, и тие своите работи ги понеле во ќеса за ѓубре.

„Паметам дека стигнавме дома и му реков на Рис: Ова е неверојатно. Правиме тие да се чувствуваат како ѓубре со тоа што ги тераме своите работи да ги спакуваат во вреќа за ѓубре“, раскажува Роб. Затоа двајцата ја основале хуманитарната организација „Comfort Cases“, за да им овозможат на децата од згрижувачките семејства да добијат мала торба полна со најнеопходните работи и некои потсетници дека се сакани. И тогаш Елен ги вмеша прстите.

Ќе мора да го погледнете видеото за да видите што се случува следно.