Дома Занимливости

Овој нов додаток за Google Chrome ќе ви овозможи никогаш повеќе да не бидете прашани за родот

Данска сака да го направи интернетот родово-неутрален.

Организаторите на Копенхаген Прајд започнаа нова иницијатива како одговор на непотребните прашања за родот при пополнување онлајн формулари.

Тие сметаат дека таквите прашања (за детерминирање на родот) се „застарени“ но исто така и дикриминаторски, и покрај отвореноста на Данска.

„Ние од Копенхаген Прајд сме горди што ја претставуваме една од првите земји во светот која престана да ја дефинира трансродноста како ментална болест. Но родовата борба не завршува тука“, велат тие. Затоа покренале иницијатива за отстранување од интернет на прашањето за утврдување на родот.

„Со (додатокот) Gender Free Internet сакаме луѓето во целиот свет да се чувствуваат почитувани и признати така што ќе им овозможиме да сурфаат на интернет без да бидат соочени со дискриминацијата на родовите полиња. Иднината е родово-неутрална, а тоа започнува со Gender Free Internet“.

Тие цитираат студија во која се вели дека 50% од милениумците го гледаат родот како спектар, а не како строга бинарна поделба на мажи и жени.

Ако сакате да го направите интернетот родово-неутрален, тоа можете да го сторите многу лесно. Сѐ што треба е да инсталирате бесплатна екстензија на вашиот веб-прелистувач, која автоматски го брише прашањето за селекција на родот при пополнување формулар. Засега е достапна само за Google Chrome.

Тие исто така снимиле забавно кратко видео за да покажат колку е глупаво кога прашувате некого онлајн за нивниот род. Во видеото се прикажани луѓе во разни ситуации – во продавница за кафе, во сендвичара и во книжара.

Попатно прашани дали се мажи или жени, нивната реакција кажува сѐ.