Дома Живот

Пензионираната американска фудбалерка Еби Вамбах стапи во брак со нејзината партнерка

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Еби Вамбах и нејзината сопруга (Фото: Glennon Doyle Melton/Instagram)

Еби Вамбах рипна во тавче! Според фотографиите кои ги објави двојката во понеделникот, поранешната фудбалска ѕвезда стапи во брак со нејзината партнерка Гленон Дојл Мелтон, која е мајка, христијанка и блогерка.

Тие се венчале во неделата, пренесува магазинот People. „Го сакам животот. Љубовта победува“, напиша Мелтон во еден од нејзините постови.

5.14.17

A post shared by Glennon Doyle Melton (@glennondoylemelton) on

Парот соопшти дека се вериле во февруари. 36-годишната Вамбах, која се пензионираше од фудбалот неколку месеци откако женскиот тим на САД победи на Светското првенство во 2015 година, минатиот октомври го финализираше нејзиниот развод од Сара Хафман по три години брак со неа.

41-годишната Мелтон се раздели од сопругот Крег Мелтон минатото лето.

5.14.17

A post shared by Mary Wambach (@abbywambach) on