Дома Забавна индустрија

Пинк се вклучи во прославата на ЛГБТ+ месецот на гордоста со прекрасна фотка од нејзиниот син

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Пинк (Фото: Larry Busacca/Getty Images)
Skopje Pride Weekend 2017

Во јуни се празнува ЛГБТ+ месецот на гордоста, па пејачката Пинк и нејзиното семејство не пропуштија да се вклучат во прославата со ЛГБТ+ заедницата.

Таа објави фотографија на Инстаграм од нејзиниот скоро 6-месечен син, Џејмсон Мун Харт, кој на блузата има виножито и насмеан емотикон.

Skopje Pride Weekend 2017

„Доцнам еден ден, но сладок сум, затоа не е важно. #happypride“, напиша таа.

I'm a day late but I'm cute so it doesn't matter. #happypride

A post shared by P!NK (@pink) on

Во интервју од 2012 година, Пинк го сподели своето гледиште за фразата „геј свадба“. Таа рече дека живее за денот „кога повеќе нема да се прават поделби на геј и стрејт – кога нема да има „геј свадба“, туку само „свадба“, кога нема да се зборува за „геј брак“, туку само за „брак“, кога нема да се гледа на тоа дали некој е „црнец“ или „белкиња“, туку само „маж“ и „жена“ или „човек“ и „човек“.