Дома Забавна индустрија

Погледнете ја Ема Стоун како младата тенисерка Били Џин Кинг во филмот „Битка на половите“

Ема Стоун како Били Џин Кинг и Стив Карел како Боби Ригс во „Битка на половите“ (Фото: Melinda Sue Gordon/Fox Searchlight)

Тенисерката Били Џин Кинг важи за една од најголемите спортски легенди на сите времиња, но и поборник на феминизмот и на ЛГБТ+ заедницата.

Во филмот „Битка на половите“ (Battle of the Sexes), актерката Ема Стоун ја игра младата Кинг во пикот на нејзината тениска кариера. Во 1973 година, на неа ѝ пристапил поранешниот шампион Боби Ригс (кого го толкува актерот Стив Карел) за да одиграат натпревар што ќе разгори дебата за родовата еднаквост. Насловен како „Битка на половите“, овој телевизиски пренесуван спортски настан бил сензација, ставајќи го во фокусот феминистичкото движење. Но зад мечот, Ригс и Кинг се справувале со сопствените борби, Ригс соочен со финансиски проблеми, а Кинг со прифаќањето на својата сексуалност.

Премиерата на „Битка на половите“ во САД е закажана за 22 септември.