Дома Вести Свет

Погледнете како оваа австралиска сенаторка го замолчи колегата кој постојано ја прекинува

Пени Вонг (Фото: Mark Graham/Bloomberg via Getty Images)

Австралиската сенаторка Пени Вонг од Лабуристичката партија е навикната на здодевање и непотребно влетување во збор од страна на нејзините колеги, но на парламентарната сесија во средата (21 јуни), таа реши да возврати.

Според BuzzFeed News, сенаторот Ијан МекДоналд од Либералната национална партија често ја прекинува Вонг. Но во средата, Вонг му реплицираше.

„Сенаторот МекДоналд навистина има нездрава опсесија со мене“, рече таа, откако беше прекината од него за време на нејзиниот говор во Сенатот.

Кога МекДоналд повторно промрморе, дофрлајќи од неговото седиште, Вонг – која е јавно декларирана лезбијка и има партнерка и две деца – го потсети сенаторот, „Не грижи се, ортак, и ти не си мој тип“. Погледнете го видеото.