Дома Живот

Порано се натпреварувала на автомобилски трки, сега трансродна балерина која го следи својот сон

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Софи Ребека, трансродова балерина (Фото: Spiros Politis)
Skopje Pride Weekend 2017

35-годишната Софи Ребека, поранешен возач на автомобилски трки, стана првата трансродова студентка по балет која го положила испитот за влез во британската Кралска академија за танц (Royal Academy of Dance).

За својата трансродност станала свесна во основно училиште, поради што била изложена на малтретирање од врсниците. Во тинејџерските години почнала да танцува како Џејмс, но била исфрлена од танцовата група откако се дознало за нејзината трансродност. Со години го негирала својот родов идентитет и во дваесеттите години сфатила дека никогаш нема да биде среќна како маж, па одлучила да го промени полот, ризикувајќи да ги загуби семејството и пријателите. Десет години професионално се натпреварувала на автомобилски трки, додека не одлучила да го следи својот сон и да стане балерина, и покрај силните родови поделби кои владеат во балетската уметност и се базираат на различните физички способности на танчерките и танчерите.

Skopje Pride Weekend 2017

„Не сум трансродова бидејќи тацувам и не танцувам бидејќи сум трансродова“

Академијата во 2013 година го укинала правилото според кое на трансродовите жени им било забрането да танцуваат на часовите по балет за жени, што ѝ овозможило на Софи да им се придружи. Во интервју за Telegraph, Софи рече: „Не сум трансродова бидејќи тацувам и не танцувам бидејќи сум трансродова. Танцувам бидејќи сум танчерка и тоа е мојата страст. Покрај тоа сум трансродова личност. Тоа сум јас“. Додава дека ѝ значи многу што луѓето ѝ судат само за нејзините танцови вештини и оти најверојатно нема да стане професионална балерина, но не поради трансродноста, туку затоа што почнала да танцува во зрели години и никогаш немала вистински настап на сцена.

Нејзината инструкторка Лин, која води танцова школа во Јоркшир, вели дека Софи ќе треба многу повеќе да тренира и танцува поради влијанието на хормонската терапија на нејзиното тело, односно мускулната сила која е неопходна за танцување. Лин била изненадена кога Софи прв пат се појавила во нејзината група, бидејќи никогаш не доживеала таква ситуација, но ѝ било драго што Академијата била отворена кон Софи. Сепак, напоменува дека за професионалните балетани и балерини постојат строги правила околу висината, обликот на телото и нозете, како и флексибилноста, што за жал е отежнувачки фактор трансродовите луѓе да станат професионалци, но смета дека најважно е луѓето да бидат тоа што се, односно да бидат свои.