Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Skopje Pride Weekend 2017

Канадската пошта направи нова поштенска марка за да ја прослави легализацијата на истополовиот брак во земјата. Новата поштенска марка се состои од виножитно знаме на површината на јаворов лист и е дел од збирка на десет специјални поштенски марки изработени во чест на најважните моменти во историјата на Канада, 150 години од конфедерацијата.

На поштенската марка се испишани зборовите „брачна еднаквост“ на англиски и француски јазик, а е изработена во сеќавање на Законот за граѓански брак, што го легализираше истополовиот брак во Канада во 2005 година.

Skopje Pride Weekend 2017

Нејзината селекција ја истакнува важноста што ја има легализацијта на брачната еднаквост за советодавниот комитет за поштенски марки на Канадската пошта, составен од историчари, колекционери и артисти.

Фото: Canada Post

Други важни моменти одбележани на поштенски марки се светскиот саем Expo67 и креацијата на далечински управувана механичка рака за вселенско летало на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА).

Канадската пошта објави и емотивно видео со ЛГБТ луѓе кои споделуваат што за нив значело признавањето на истополовиот брак. Погледнете го прилог.