Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Skopje Pride Weekend 2017

Истражувањата за поврзаноста меѓу среќата и општата здравствена состојба со брачниот статус веќе се вообичаени за хетеросексуалните парови, а Студискиот центар за социјална работа при Универзитетот во Вашингтон меѓу првите ги истражи потенцијалните придобивки од браковите на ЛГБТ двојките.

Истражувањето е во рамки на националната лонгитудинална студија со репрезентативен примерок од постари ЛГБТ луѓе, „Aging with Pride: National Health, Aging, Sexuality/Gender Study“, која се занимава со влијанието на животната средина, историските, психолошките, бихејвиоралните, социјалните и биолошките фактори врз здравјето, стареењето и квалитетот на животот.

Skopje Pride Weekend 2017

Резултатите покажуваат дека ЛГБТ лицата во брак кои учествувале во истражувањето за физичкото и менталното здравје, уживаат поголема социјална поддршка и се во подобра финансиска состојба за разлика од нивните невенчани врсници и врснички, јавува EurekAlert!.

Значително поголем број на склучени бракови по одлуката на Врховниот суд

Во истражувањето учествувале повеќе од 1800 ЛГБТ луѓе на возраст од 50+ години, а било спроведено во 2014 година (но беше објавено неодамна), во држави во САД каде што истополовите бракови веќе се легализирани.

Четвртина од испитаниците биле во брак, исто толку во постојана врска, а половина немале партнер или партнерка. Венчаните испитаниците поминале заедно во просек 23 години заедно, а тие во постојана врска околу 16 години.

Бројот на ЛГБТ луѓе кои стапиле во брак значително се зголемил откако Врховниот суд во 2015 година ја легализираше брачната еднаквост во сите американски држави. Истражувањето на Gallup од 2016 година покажа дека 49% од геј двојките живеат заедно во брак, а пред одлуката на судот биле 38%.

Меѓу учесниците во истражувањето, во брак биле повеќе жени отколку мажи. Се покажало дека, генерално, испитаниците и испитаничките кои се во стабилна врска или брак имаат подобро здравје, додека брачните парови од социјален и финансиски аспект покажале уште подобри резултати.

Самците и натаму без механизми на правна заштита

Причината за ова, се разбира, може да биде фактот дека бракот со себе носи предности како што се даночни олеснувања, наследни и други права кои до неодамна беа резервирани само за хетеросексуалните двојки.

Ова не значи дека секоја ЛГБТ двојка одлучила да застане пред матичар.

Раководителката на студијата Џејн Голдсен верува дека бракот за бројни постари ЛГБТ лица може да претставува потешкотија. Имено, постарите ЛГБТ лица добар дел од својот живот, поради законската и социјалната исклученост, поминале „во плакарот“, а оние во долгогодишни врски правно ги регулирале односите на други начини за да не чувствуваат дека им е потребен брак или пак не сакаат да бидат дел од традиционалната хетеросексуална институција.

Во исто време, постарите ЛГБТ лица кои не се во врски/бракови немаат корист од брачната еднаквост бидејќи правните механизми кои би требале да ги штитат се послаби, рече Голдсен и додаде дека тоа е затоа што на федерално ниво сѐ уште не постојат единствени закони кои би спречиле дискриминација, на пример, во доменот на вработувањето, домувањето и слично.