Овогодишното издание на културно-уметничката манифестација со квир тематика Викенд на гордоста во Скопје завршува денес, со „Ефемерни исповеди“ – песни за декаденцијата, луксузот, љубовта и омразата.

Фото: Skopje Pride Weekend via Facebook

Мистериозно познатата и длабоко токсична Маркиза де Сада, декадентен потомок на руски револуционери и германски аристократи, повторно ќе ги разоткрие своите најголеми тајни токму овде во Скопје. Под светлината на фенерите и рефлективните бранови, публиката ќе ја запознае младата, опасна емо-панк воинка, сопатничката и штитеничка на Маркиза, Џоана Хелмут Кол. Сепак, хармонијата на оваа врска е загрозена од привидението, супер декадентната ѕвезда Декаденца, која во минатото ѝ ја уништи можноста за филмска кариера на Мариказата. Атмосферата ќе биде дополнета со музички слајдови од лудиот пијанист Фриц Клајн, стои во најавата за настанот.

Театарската претстава ќе се одржи во Кино Култура, со почеток во 20:30 часот.