Дома Правила и услови за користење

Правила и услови за користење

Добредојдовте на QUEER.MK. Со прелистувањето и користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите правила и услови за користење, кои заедно со нашата политика за приватност ја дефинираат релацијата на QUEER.MK со вас во врска со оваа веб-страница.

Терминот QUEER.MK или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на оваа веб-страница. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашата веб-страница. Користењето на оваа веб-страница е условено со следните правила на користење:

Содржините на главната страница и на нејзините под-страници е за лична и персонална употреба на содржаните информации. Содржините можат да се менуваат без претходна напомена.

Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на оваа веб-страница за која било намена. Со самото користење на страницата, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.

Користењето на кои било информации или материјали од оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, предтходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.

Оваа веб-страница содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост, како и такви кои не се, а чии авторски права ги поседуваат авторите на делата, но се искористени за информативни или едукативни цели од наша страна. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила и услови.

Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашата веб-страница.

Неавторизираното користење или злоупотреба на оваа веб-страница (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.

Повремено оваа веб-страница може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-страници. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-страниците. QUEER.MK не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-страници.

Не можете да креирате пренасочување кон оваа веб-страница од друга веб-страница или документ без претходна писмена согласност од страна на QUEER.MK.

Политика за приватност

Приватноста на корисниците е од исклучителна важност за QUEER.MK. Овој документ ја утврдува политиката за приватност и приватните информации што QUEER.MK ги собира од корисниците при секое консултирање на веб-страницата.

Логови
Како и многу други веб-страници, QUEER.MK користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.

Колачиња и „Web Beacons“ (веб-тракери)
QUEER.MK користи колачиња за да ги запамти корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од страна на корисникот и за да ја прилагоди веб-страницата врз база на веб прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку неговиот веб прелистувач.

Колачиња од други платформи и веб-страници
При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-страници како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-страницата со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола над надворешните колачиња.

Колачиња од алатките за споделување содржини
Ве молиме, имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата ‘сподели’ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да споделуваат статии со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола над нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-страници за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

Google Analytics колачиња
Го користиме Google Analytics, кој е сервис на компанијата Google, Inc. за анализирање на посетеноста на веб-страниците, за да го утврдиме бројот на посетители на нашата веб-страница и да спроведеме анализа како тие се служат со веб-страницата, со цел да одредиме како нашите корисници ни ги вреднуваат содржините. За повеќе информации во врска со овие колачиња кликнете овде.

DoubleClick DART-колачиња

– Google, како давател на сервиси, користи колачиња за прикажување реклами на QUEER.MK.
– Употребата на DART-колачиња од страна на Google овозможува прикажување реклами на корисниците при користењето на QUEER.MK и на други страници на интернет.
– Корисниците може да го онеспособат користењето на DART-колачињата. За таа цел, можат да ја посетат следната веб-страница: http://www.google.com/privacy_ads.html.

Овие сервери или мрежи користат технологија со која нивните реклами се појавуваат директно на вашиот екран при отворањето на QUEER.MK. Притоа, автоматски ја добиваат вашата IP-адреса. Други технологии (колачиња, JavaScript или „веб-тракери“) се користат исто така од надворешни мрежи, со цел да се насочат рекламите интересни за корисникот или да се „прочитаат“ домените што го засегаат во секојдневниот живот.

QUEER.MK нема контрола врз технологиите што ги користат овие надворешни мрежи.

Доколку сакате да ја консултирате политиката за приватност на третите мрежи и на нивните сервиси, како и да дознаете кои се начините за да ги исклучите, консултирајте ги директно нивните веб-страници. Политиката за приватност на QUEER.MK не важи, и не можеме да ги контролираме активностите, на таквите трети огласувачи или веб-страници.

Доколку сакате да ги онеспособите колачињата, тоа можете да го сторите директно од вашиот веб прелистувач. Информации за оваа операција ќе добиете на веб-страниците на веб прелистувачите што ги користите.

Ограничување од одговорност

Информациите содржани на оваа веб-страница се од генерален информативен карактер. Тие се пуштаат во промет од QUEER.MK со цел да се дојде до слободен пристап на информациите и на мислењата, без притоа да се гарантира нивната точност, целост и веродостојност, како и оние врз чиишто извори се базира содржината. Секое користење на информациите е на ризик на читателот.

Во ниеден случај нема да бидеме одговорни во случај на каква било загуба или штета, индиректна или последователна загуба или штета, или каква било загуба или штета настаната од губењето податоци или профити од, или во врска со, користењето на оваа веб-страница.

Не преземаме никаква одговорност за коментарите кои ги оставаат посетителите користејќи го додатокот Facebook Comments Plugin кој е инкорпориран на оваа веб-страница. Доколку сметате дека одреден коментар е со навредлива, дискриминирачка, заканувачка или слична содржина забранета со закон и може да се толкува како говор на омраза, ве молиме пред сѐ пријавете го истиот до администрацијата на Facebook. Исто така можете да ни испратите е-порака на [email protected] во која ќе го наведете линкот до написот каде е објавен коментарот, авторот на коментарот и неговата содржина. Нашата редакција ќе вложи напори да го разгледа и да постапи по вашето барање за отстранување на коментар во најскоро време, но без никакви ветувања или гаранции за временската рамка за процесуирање на барањето или исходот од него.

При користење на оваа веб-страница, можете да бидете насочени и кон други страници чија содржина не е под контрола на QUEER.MK. Нашата редакција нема ниту директна ниту индиректна контрола врз природата, содржините или достапноста на овие веб-страници. Вклучувањто на какви било линкови не имплицира нужно препорака или поддршка на ставовите и мислењата изразени на нив.

Се прават сите напори за да се одржи достапноста и оперативноста на оваа веб-страница. Во секој случај, QUEER.MK не презема одговорност, или нема да бидеме виновни, доколку веб-страница е привремено недостапна како резултат на технички проблеми надвор од наша контрола.

Авторски права

Оваа веб-страница е застапувана од Здружението на граѓани за социјален и мултикултурен развој „Женска Алијанса“ – © Женска Алијанса 2007-2016. Некои права задржани.

Сите содржини на оваа веб-страница се објавуваат под лиценца Creative Commons Attribution 4.0 International License. Поинаку кажано, тоа значи дека QUEER.MK ви дозволува:
да ги споделувате содржините – односно копирате и редистрибуирате содржините на сите медиуми за електронска дифузија на информации или во сите формати
да ги адаптирате содржините – односно да ги уредувате, менувате и преработувате содржините, било за лична или за комерцијална употреба.

Горенаведеното можете да го правите само под услов да наведете извор – морате адекватно да го истакнете изворот со линк до нашата веб-страница каде е објавена оригиналната содржина, линк до лиценцата и да ги наведете евентуалните измени. Тоа можете да го сторите на каков било разумен начин, но не смеете да сугерирате дека давателот на лиценцата ве поддржува вас или вашето користење на содржината.

Без понатамошни ограничувања – Не смеете да додавате правни услови или технолошки мерки за заштита кои останатите ќе ги ограничат правно да го прават она што им го допушта лиценцата.

Не морате да се придржувате до лиценцата кога станува збор за елементи од содржината кои се јавно добро или каде вашето искористување на содржината е допуштено со законски исклучоци или ограничување на авторското право.

Не се даваат никакви гаранции. Лиценцата можеби не ви ги дава сите потребни дозволи за вашето посакувано користење на содржината. На пример, други права како права над објавени лични фотографии, право на приватност или морално право може да претставуаат ограничување на тоа како ја користите содржината.