Дома Вести Свет

Претседавачот на филипинскиот конгрес ветува воведување истополови граѓански партнерства

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Фото: Speaker Pantaleon Alvarez/Facebook

Проминентен филипински политичар, близок соработник на претседателот Родриго Дутерте, предложи воведување истополови партнерства.

Панталеон Алварез, претседателот на Претставничкиот дом, ја најави неговата намера во понеделникот, за време на отворањето на Конгресот.

Ветувањето преставува уште едно делумно скршнување на администрацијата која еднаш веќе го прекрши ветувањето за воведување истополов брак.

Но изгледа дека владата повторно се предомисли, а за тоа говори изјавата на претседавачот на законодавниот дом кој им порача на колегите во конгресот: „Исто така мораме да го имаме предвид фактот дека бракот можеби не e за секого. Моментално, дури исклучува одредени групи на луѓе од својот опфат. Ајде да се осврнеме на овој проблем. Ќе поднесам предлог-закон кој правно ќе ги признае и заштити граѓанските партнерства“, порача Панталеон Алварез.

Фото: Speaker Pantaleon Alvarez/Facebook

Тој додаде дека „нашите граѓани не треба да бидат исклучени од општеството поради (полот на) личноста во која се вљубени“. „И тие мора да бидат третирани еднакво пред законот“, истакна Алварез пред 321 присутни политичари.

„Сакам да бидам запаметен како гласноговорник на народот кој ги слушал и дејствувал по често игнорираните поплаки на маргинализираните групи и безгласните членови на општеството. Заедно, да ги оснажиме угнетените“.