Дома Забавна индустрија

Шарлиз Терон открива дека иако ја привлекуваат мажи, како помлада експериментирала со жени

Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)
Шарлиз Терон во „Атомска русокоса“ (Фото: Jonathan Prime/Universal Pictures)

Шарлиз Терон откри дека кога била помлада, имала авантури со жени.

Актерката, при гостување во една емисија, беше прашана зошто било толку важно ликот што го толкува во „Атомска русокоса“ да биде бисексуален.

„А зошто да не? Чудно е што толку многу зборуваме за тоа. Требаше да биде нормализирано досега. Тоа е нешто што не е доволно застапено во филмовите. Сметам дека кога правите филм, а сакате да го прикажете општеството, тогаш општеството треба да го прикажете во вистинско светло“, рече Терон.

Кога ѝ беше поставено прашањето дали некогаш била со друга жена, таа одговори потврдно, појаснувајќи дека експериментирала како помлада.

Сепак, вели таа, ѝ станало повеќе од јасно дека ја привлекуваат мажи.

Актерката има долга историја на улоги во акциони филмови каде толкува силни жени. Покрај „Атомска русокоса“ кој во август доаѓа во Cineplexx, таа играше во „Лудиот Макс: Патот на бесот“ (2015 година), како и во „Прометеј“ (2012 година).

Во 2003 година, Терон доби Оскар за нејзината улога во филмот „Монструм“.

Во сцена од „Атомска русокоса“, таа води љубов со колешката Софија Бутела.