Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Номинациите за претстојните Еми награди беа соопштени. Церемонијата на доделувањето на Еми наградите ќе се одржи по 69-ти пат на 17 септември, а ќе ја води Стивен Колбер. Меѓу номинираните и оваа година се најдоа филмови и серии со ЛГБТ+ теми, како и ЛГБТ+ актери и такви што играле ЛГБТ+ ликови.

Џефри Тамбор е номиниран за толкувањето на трансродова жена, Мора Феферман во „Transparent“, во категоријата извонреден актер во главна улога во комична серија. Кевин Спејси, за ликот на бисексуалниот американски претседател Френк Андервуд во „House of Cards“ заработи номинација за извонреден актер во главна улога во драмска серија. Лили Томлин и нејзината колешка Џејмс Фонда за нивните улоги во „Grace and Frankie“ заработија номинации за извонредна актерка во главна улога во комична серија.

Еван Рејчел Вуд која ја игра Долорес во „Westworld“ е номинирана во категоријата извонредна актерка во главна улога во драмска серија.

Кејт Мекинон за различните ликови кои ги толкуваше во „Saturday Night Live“ е номинирана за извонредна актерка во споредна улога во комична серија.

Самира Вајли за ликот на лезбијката Мојра во „The Handmaid’s Tale“ се најде во категоријата извонредна актерка во споредна улога во драмска серија. Друштво ѝ прави Узо Адуба од „Orange is the New Black“ за улогата на Сузан Ворен.

Во категоријата извонредна актерка како гостин во драмска серија се номинирани Лаверн Кокс за улогата на Софија Бурсет во „Orange is the New Black“ и Шенон Пурсер за улогата на Барб Холанд во „Stranger Things“.

„Black Mirror: San Junipero“ доби номинација за извонреден ТВ филм.

Реалити шоуто „RuPaul’s Drag Race“ годинава заработи осум номинации.

За извонредна драмска серија номинирани се „Better Call Saul“, „The Crown“, „The Handmaid’s Tale“, „House of Cards“, „Stranger Things“, „This Is Us“ и „Westworld“, додека во конкуренција за комична серија се „Atlanta“, „Black-ish“, „Master of None“, „Modern Family“, „Silicon Valley“, „Unbreakable Kimmy Schmidt“ и „Veep“.

Целосната листа на номинирани за Еми награди можете да ја погледнете овде.