Ноќта во неделата беше голема ноќ за модната индустрија – се одржа доделувањето на модните награди на Советот на модни дизајнери на Америка. Настанот ги привлече најдобро облечените во Њујорк за да им оддадат почит на најкреативните умови кои ја обликуваа модата во изминатата година.

Раф Симонс влезе во историјата како вториот дизајнер воопшто, а прв од 1993 година наваму, кој има добиено награда и за машка и за женска модна линија.

Симонс наградите ги доби во првата година од неговиот работен ангажман како креативен директор во компанијата Келвин Клајн. Прикладно, првата личност што ги доби двете награди пред 23 години беше лично Келвин Клајн.

„Дојдов во Америка поради тоа што Америка и вие, нејзините граѓани, сте мојата инспирација… нашата инспирација. Ако ова значи дека можеме да сториме нешто за возврат, и дека можеме да инспирираме, тогаш ние во Келвин Клајн сме пресреќни и благодарни. Го доживуваме тоа како едно големо добредојде“, рече Симонс при примањето на наградата за машка модна линија.

Симонс беше работно ангажиран во најпознатата модна куќа пред помалку од една година, но веќе направи и повеќе од доволно за да го возобнови имиџот на брендот. Тој пред три месеци го откри новото лого и одржа неверојатна ревија на модната недела во Њујорк, инспирирана од американската жена.

Деталната листа на одликуваните на CFDA Awards погледнете ја овде.