Како и многу двојки кои се запознаваат преку интернет во денешно време, Рик Џејмс и Улај Сју биле загрижени за првата средба во реалниот живот.

„Поради тоа што знаете дека фотографијата на Facebook и во надворешниот свет се многу различни. Не знаев дали ќе ме прифати“, вели Џејмс.

Двојката почнала да разговара на Facebook додека Џејмс живеел во Сингапур и се сретнале во живо две години подоцна. И покрај нивната загриженост, тоа било љубов на прв поглед и таа ноќ Сју го запросил Џејмс. Два месеци подоцна мажите изнајмиле сопствен апартман и се вселиле заедно.

„Тој ме запроси пред пагода (будистички верски објект), пред Буда, така што неговиот збор е вистински. Не може да лаже пред Буда.“

Сју и Џејмс живеат во конзервативен Мјанмар каде сексуалните односи меѓу луѓето од ист пол се криминализирани, а ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација. Во интервју за веб-страницата „Not Only Voices“, двојката го опишува животот како геј маж во Јангон, обелоденувањето на својата сексуалност пред нивните семејства и стравот од полициското малтретирање.

Хомосексуалците во Мјанмар

ЛГБТИ заедницата во Мјанмар стана многу повидлива по падот на воената хунта во 2011 година, со првата геј парада во 2012 година. Многу истополови двојки живеат отворено заедно во поголемите градови како Јангон и Манделеј.

Мажите велат дека се чувствуваат слободно во Мјанмар, но чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена од полицијата. И покрај зголемената видливост на ЛГБТИ луѓето, Мјанмар сѐ уште промовира конзервативни вредности.

„Овде е поприфатливо да бидеш трансродова жена отколку хомосексуалец“, вели Џејмс. „Поради високото ниво на општата дискриминација во Мјанмар, мажите се позиционирани највисоко, додека жените на најниско ниво. Тие веруваат во тоа, религијата кажува така. Тие сметаат дека мажите кои сакаат да бидат геј, сакаат да се спуштат на исто ниво со жените. Така што тие размислуваат – зошто сакаш да бидеш геј, геј е најниското ниво.“

Обелоденување на сексуалноста во Мјанмар

Сју верува дека неговото семејство ја прифатило неговата сексуалност бидејќи ги поддржува финансиски, но Џејмс наишол на поголемо прифаќање од семејството. Тие исто така ја одобруваат врската меѓу овие двајца мажи бидејќи Сју ги освоил со неговиот шарм и ангажирањето околу домот.

„Тој е многу паметен, ѝ помага на мојата мајка, му помага на мојот татко ми и прави сѐ за домот, така што тие го прифаќаат“, вели Џејмс.

Но мајката на Сју го изненадила парот со нејзините мудри зборови.

„Неговата мајка ни рече дека ако двајцата мажи заедно се геј или останат заедно, тоа е во ред бидејќи важна е љубовта“, додава Џејмс.

Во продолжение можете да го погледнете целосниот разговор со Рики и Улај.