Ви се допаѓа написот што го подготвивме за вас? Не заборавајте да го покажете тоа! :)

Ватикан наводно станал дувло на хомосексуална активност откако папата Францис стапи на сегашната функција, барем според она што го кажува високопозиционирано свештено лице од Ватикан. Според Националниот католички регистар, сигурен извор – постар член на куријата – тврди дека размерот на хомосексуалните авантури кои се случуваат во внатрешноста на Ватикан за време на мандатот на папата Францис „никогаш не бил полош“.

Минатата недела беше објавено дека ватиканската полиција извршила рација во апартман на еден кардинал откако претходно соседите пријавиле дека таму се случуваат несвети работи. Кога влегле во објектот, тие се затекнале среде дива геј оргија под дејство на дроги, според она што беше објавено во Il Fatto Quotidiano. До овој момент Ватикан се нема огласено во врска со скандалот.

Но службено лице од Црквата за Националниот католички регистар потврдило дека оргијата навистина се случила. Не само тоа, туку „огромно хомосексуално подземје во Црквата“ очигледно просперира од 2012 година, кратко пред папата Бенедикт да се повлече, и преземањето на функцијата од папата Францис.

Грешното однесување за прв пат беше обелоденето кога човек по име фратар Дариуш Око во 2013 година проговори за, како што ги опиша, „хомосексуални клики на свештенство“ кои се протегаат сѐ до највисоките нивоа во Црквата.

„Тие многу добро знаат дека може да бидат разоткриени и посрамени, па така се штитат еден со друг, нудејќи си взаемна поддршка. Тие градат неформални врски што потсетуваат на „клика“ или дури и на „мафија“, и тежнеат кон држење на особено оние позиции кои нудат моќ и пари“, напиша Око во 2013 година.

Оттогаш, се чини дека хомосексуалната чума се проширила низ Ватикан.

Според Кристин де Марселас Волмер, една од основачите на „Папската академија за живот“ и претседателка на „Латино-американската алијанса за семејство“, „чадот на Сатаната се инфилтрирал во Црквата“. Волмер тврди дека корумпирани високопозиционирани црковни лидери детерминирани да „негуваат еретичко сексуално однесување“ формирале „група на екстремно моќни стари кардинали од генерацијата на либерали од 1970-тите“, која предизвикува „социјално безредие“, што се докажа со последниот скандал.

Ватикан допрва треба да се поизнесе во врска со ова прашање.